На улицата „ Кеј 13ти Ноември“ во Скопје, од слобода го лишиле 28-годишниот С.Ц.од Скопје, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 октомври, 2019 15:29

УСПЕШНА АКЦИЈА: Утрово полицијата во Скопје апсеше наркодилери!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

На разни локации во Скопје, Македонската полиција рано утрово уапси шест мажи и една девојка поради поседување на наркотици.

Министерството за внатрепни работи информира дека синоќа во 04 часот, полициски службеници од СВР Скопје, на улицата „Анастас Митрев“ го привеле 26-годшниот С.Т. од Кратово, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена непозната прашкаста материја, а исто така претходно во 01 часот, полициски службеници од СВР Скопје, на улицата „ Кеј 13ти Ноември“ во Скопје, од слобода го лишиле 28-годишниот С.Ц.од Скопје, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана, пишува прес24.

МВР претходно, 20 минути по полноќ од слобода го лишиле 38-годишниот П.М. од Скопје, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана, а истиот ден на граничен премин „Табановце“ од слобода бил лишен З.Т.(23) од селото Желино, тетовско, поради тоа што се наоѓал на стоп листата за издржување казна затвор за сторено кривично дело „кражба“.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести