Бидејќи судиите на Уставниот Суд ги избира Собранието наРМ и тие преставуваат посебна, четврта власт регулирана сопосебна глава во Уставот, надоместоците на нивните платиможе единствено да биде уредена согласно нов закон донесенод Собранието на РМ и никако поинаку.

Објавил: Перо Милчин | 10 ноември, 2020 13:30

Уставниот Суд кој треба да е чувар на законите – ги прекршува законите

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Уставните судии незаконски и скандалозно изгласаа додатоциво висина до 35 отсто од месечната плата, во услови кога владата апелира дека сите треба да се солидаризираат вокризата со мерки на штедење.

Согласно член 113 од Уставот на РМ, со Деловникот наУставниот суд се уредува работата и постапката предУставниот Суд. Тоа значи дека со Деловникот се уредувапостапувањето на Уставниот суд при оценување на уставностаи законитоста на прописите и другите општи акти, како и структуралната поставеност на судот. Секоја интервенција воДеловникот (измена и дополнување) која излегува од уставнозададената рамка за дозволен опфат по автоматизам значидека е противуставна таквата интервенција.

Бидејќи судиите на Уставниот Суд ги избира Собранието наРМ и тие преставуваат посебна, четврта власт регулирана сопосебна глава во Уставот, надоместоците на нивните платиможе единствено да биде уредена согласно нов закон донесенод Собранието на РМ и никако поинаку.

Ваквата безобѕирност и самоволие од страна на Уставнитесудии, да самоиницијативно и неуставно си ги зголематплатите, на површина го исфрла нивниот кредибилитет и нивното правно незнаење. Овој потег е само продолжение вонизата фијаска на слабиот персонален состав на уставнисудии, кои единствено се продолжена рака на неуставнитеполитики на владејачкиот режим во услови на окупиранадемократија.

Партија Левица

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести