петок, 26 април 2024

MK/ EN/ DE



За матурата годинава се пријавени вкупно 15 553 ученици, од кои 7 692 се од гимназиско образование, 7 604 од средното стручно и 257 од средното уметничко образование.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 мај, 2019 18:16

Утре се полага првиот од трите испити од државната матура

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во текот на утрешниот ден 1 јуни, од 10 часот е закажано првото полагање на тестот по странски јазик.

Учениците кои завршуваат средно образование ќе имаат можност да полагаат еден од четирите јазици, англиски, француски, германски или руски,на првиот од трите екстерни испити од државната матура за учебната 2018/2019 година. За матурата годинава се пријавени вкупно 15 553 ученици, од кои 7 692 се од гимназиско образование, 7 604 од средното стручно и 257 од средното уметничко образование.

Забележливо е дека речиси имаме изедначување на бројот на кандидати од гимназиите и од средните стручни училишта, што е и тенденција – да се зголемува бројот на кандидати за испитите од средното стручно образование, изјави за МИА Лидија Ѓошевска, директор на Државниот испитен центар (ДИЦ).

Годинава се пријавени вкупно 15 553 ученици

За испитот по странски јазик в сабота пријавени се: 14 413 за англиски јазик, 59 за француски, 201 кандидат за германски јазик и 15 за руски.

По една недела од првиот екстерен испит, саботата на 8 јуни, ќе биде екстерниот испит по мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература, за кој вкупно се пријавени 15 279 матуранти. Според податоците од ДИЦ, македонски јазик ќе полагаат 10 386 матуранти, албански 4 566 и турски 327.

На 11 јуни е полагањето на третиот екстерен испит. Новина годинава е што меѓу предметите првпат може да се избере и социологија, за кој се пријавени 569 кандидати. Како и на минатите државни матури, најмногу пријавени има за бизнис (4 206), за историја 2 407, биологија ќе полагаат 3 631, филозофија 2 691, хемија 227, физика 128 и естетика 166 матуранти.

На 13 јуни е тестот по математика со 2 049 пријавени кандидати.

За спроведвање на државната матура се ангажирани 2 388 наставници-тестатори и 200 набљудувачи од Министерството за образование и наука, Државниот испитен центар и од Бирото за развој на образованието.

Согласно со законскиот рок, според кој првичните резултати треба да бидат објавени најдоцна еден месец по одржувањето на последниот испит, тие се очекуваат до 13 јули 2019.

Кандидатите што нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе може повторно да полагаат во августовската сесија, на 12, 13, 14 и 15 август кога испитите се по ист редослед како и во јуни.

Проектот државна матура во земјава се организира од 2007 година. Положената државна матура е услов за запишување на факултет. Матурантите што не планираат високо образование, полагаат училишна матура.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

„Основците добиваат нови учебници и помошни наставни материјали, значително е модернизирана настава во средното образование, со многу нови дуални паралелки и компании партнери на училиштата“, вели Јетон Шаќири, министер за образование.

Сите предмети во една книга – учебната година почна, учебници нема

Вака изгледа привремениот „учебник“ за петто одделение. Четири во едно,  македонски...

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

Нема продолжување на учебната година

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката...

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи!

МТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи! Владата на Република...

МОН потсетува дека во периодот од 20ти до 30ти, односно 31ви во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од било какви причини не аплицирале.

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади...


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.