Ова е  втор фудбалер кај кого е дијагностициран вирусот Корона.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 март, 2020 19:18

Уште еден фудбалер заразен со коронавирус!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска е потврденодека уште еден фудбалер од Италија, Мануеле Габијадини е позитивен на Ковид-19, соопшти фудбалскиот клуб Сампдорија.

Ова е  втор фудбалер кај кого е дијагностициран вирусот Корона.

– Тој има мала треска, но добро се чувствува. Ги презедовме сите активности за негова изолација, наведе калчолигашот од Џенова.

Габијадини е стрелец на седум гола за Сампдорија во оваа сезона. Во кариерата претходно играше и за Наполи, за Болоња и за Саутемптон.

Натпреварите во Серија А се суспендирани најмалку до 3 април.

Инаку вчера бешесоопштено дека дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани (25) е тестиран за вирус на корона и резултатите се позитивни. Во моментот кога фудбалерот беше суспендиран во Италија до почетокот на април, оваа вест се шири како молња низ целиот свет.

Ова беше објавено во кратко соопштение и додадено е следново:

– Јувентус штотуку ги активираше процедурите за изолација, кои се бараат со закон, во ова спаѓаат оние кои оствариле контакт со него – се вели во соопштението.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...