Над 15 милиони корисници од САД се откажале од користењето на Фејсбук

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 март, 2019 19:43

Фејсбук стана атракција за постарите лица- младите корисници ги бришат профилите

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Над 15 милиони корисници од САД се откажале од користењето на Фејсбук, во споредба со 2017 година, покажува псоледното истражување на тимот на аналитичката куќа Edison Research.

Според нивните податоци 80% од Американците користат Twitter, Snapchat и Instagram повеќе отколку што користат Facebook бидејќи како што велат овие апликации се поатрактивни за младите, со оглед на тоа дека Фејсбук апликацијата ја користат се повеќе стари луѓе.

“Edison Research” објави дека е намален бројот на млади корисници, односно забележан е голем пад на бројот на корисници кои се на возраст од 12 до 34 години, додека бројката на нови корисници кои се постари од 55 години продолжува да расте.

-Ова е втора година по ред како гледаме значителен пад на користењето на оваа социјална мрежа“ велат од Edison Research.

Мрежата ја основал Марк Закерберг, заедно со Дастин Москович, Крис Хјус и Едуардо Саверин, додека бил студент на универзитетот Харвард.

Но ова не е пракса и во Македонија, во однос на декември 2017 користењето на интернет во домаќинствата во Македонија е зголемен на 79,3 проценти покажува последното истражување на Асоцијацијата за е-трговија во Македонија.

Според овие бројки 79,2 проценти од популацијата во Македонија кои се на возраст од 15 до 74 години користат интернет за најразлични цели од кои од машки пол 80,9 проценти, а од женски 77,4 проценти.

Дури 68,7 проценти од популацијата во Македонија на возраст од 15 до 74 години секојдневно користат интернет, и тоа преку мобилен телефон, лаптоп, десктоп и таблет.

За разлика од САД, Македонците може слободно да се каже дека се зависници кога станува збор за Фејсбук.

Дури 64,8 проценти од интернет-корисниците, ја користат оваа апликација. Можеби не е значително намалено користењето на Фејсбук, но во однос од минатата година, 83,8 проценти е намалено користењето на Фејсбук во Македонија.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Технологија

Овие автомобили и понатака се препознатливи за светската јавност, меѓутоа тие ја добија титулата за најгрди автомобили на сите времиња.

ТОП 10 – Најгрди автомобили на сите времиња

Со текот на сите овие години, патиштата забележаа дека некои автомобили што само дизајнерите...

Секоја зима, многу домаќинства од различни причини своите домови ги загреваат со печки на дрва, чиј чад претставува една од главните причини за зголемената загаденост на воздухот.

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ Секоја зима, многу...