Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека британската Влада планира дури и воведување нов национален карантин.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 септември, 2020 16:45

Филипче најави нови рестриктивни мерки: Носењето маска на отворено ќе биде задолжително?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Состојбата со коронавирусот кај нас, како и насекаде во Европа и во многу земји во светот се влошува како завршува летото. Велика Британија, Франција, Шпанија, Чешка, Холандија се меѓу земјите кои се подготвуваат да имплементираат нов пакет рестриктивни мерки во обид да се спречи ширењето на коронавиурусот во овие земји.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека британската Влада планира дури и воведување нов национален карантин.

-Шкотска упати предупредување до своите граѓани за тешки, но неопходни рестрикции. Во Израел тоа веќе е на сила, затворени се училишта, градинки и трговски центри. Франција исто така ги заострува мерките. Меѓудругото ќе бидат забранети дружења и посети меѓу домакинствата. Ова е нешто што го најавувавме неколку пати и посочувавме дека месец септември може да биде почеток на еден нов есенски бран, додаде Филипче. 

Тој посочи дека во наредните денови можно е воведување нови мерки за заштита.

Следните денови ќе информираме за можни нови мерки, а дел од мерките кои ги разгледуваме здолжително носење на отворено, ограничување на бројот на маси во угостителски објекти, ограничен број на луѓе во угостителски објекти и ограничен број на луѓе при групирање, прецизен протокол за работа на угостителските објекти, евентуално намалување на капацитетот на јавниот превоз, рече Филипче.

 
 
 
 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести