Тој најави дека на утрешната владина седница, ќе се дебатира и за евентуално одржување на изборите, по проценките на стручните лица.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 мај, 2020 11:55

Филипче: Утре ќе се разговара за евентуално укинување на полицискиот час

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во денешното гостување на утринската програма на Канал 5, министерот за здравство, Венко Филипче порача дека во текот на утрешниот ден ќе се знае дали ќе има олабавување на мерките и намалување на полицискиот час.

Тој најави дека на утрешната владина седница, ќе се дебатира и за евентуално одржување на изборите, по проценките на стручните лица.

Како што истакна тој, бројот на заразени се намалува, но без оглед на се, граѓаните мора да ги почититуваат препораките.

Вчера на Институтот за јавно здравје беа регистрирани 44 оздравени пациенти.

– Скопје 5
– Куманово 12
– Прилеп 9
– Велес 12
– Битола 2
– Кавадарци 1
– Крушево 1
– Неготино 2

Во изминатите 24 часа направени се 292 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Куманово-1, Прилеп-3, Тетово-3, Велес-5 и Битола-1. Досега во земјата се направени вкупно 17836 тестирања на ковид -19.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Прилеп на возраст од 55 години, хоспитализиран на 22 април, кој 13 дена бил приклучен на респираторна машина. Во болницата во Битола почина пациент хоспитализиран на 4 мај како сомнителен на ковид-19, чиј брис постмортем покажал присуство на вирусот.

Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1539, бројката на оздравени пациенти е 1057, на починати е 88, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 394.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести