Оние работи што ги истражувавме денеска укажаа на тоа дека многу наши граѓани кои имаат и друго државјанство брзале да се вратат за да не ги изгубат своите работни места, па во земјите во кои влегуваат ги користат тамошните пасоши.

Објавил: Владо Марин | 11 август, 2020 18:32

Филипче: Ќе разговараме за воведување ПЦР-тест за патниците што транзитираат од соседството

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Ниту еден од патниците што бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство, финско и македонско, не е на листата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, односно нема решение за изолација поради позитивен корона-тест. Ова го истакна министерот за здравство, Венко Филипче.

„Она што сега го чекаме по контактот што нашето МНР го направи со амбасадата во Стокхолм што ја покрива и Финска, е листата со имиња – 24 патници кај кои било констатирано присуството на вирусот поради тоа што во авионот имало и други државјани, имало државјани на Косово, кои во нашата земја може да транзитираат без тест. Не само тие државјани на Косово, туку кои било други. Ова е еден мотив повеќе на утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести да дискутираме дали евентуално и за граѓаните од соседните земји, кои транзитираат, треба да бараме ПЦР-тестови“, потенцира министерот Филипче.

На прашањето како лицата воопшто се качиле на летот, но и какви се процедурите, министерот Филипче истакна дека доколку некој има решение за изолација, а во овој случај немало, тогаш одговорно е Министерството за внатрешни работи за да се спроведува таа контрола.

Меѓутоа, тоа не е очигледно сценарио, не знаеме сè уште доволно податоци. Повторно ќе кажам, прво, дали се наши и фински државјани со 2 пасоша, со двојно државјанство граѓани, или станува збор за државјани на Косово. Кога ќе ги имаме овие информации, се надевам во текот на денот, можеме да ја имаме целосната слика за тоа што се случило“, рече министерот Филипче.

Во однос на новинарското прашање каква е процедурата и дали се потребни тестови за лицата што транзитираат низ земјава, министерот Филипче информира дека секој може да транзитира. Има ограничен број часови за влез и излез од земјава и затоа засега не е потребен ПЦР-тест, но посочи дека на утрешниот состанок ќе се дискутира повторно за ова прашање, пишува Макфах!

„Оние работи што ги истражувавме денеска укажаа на тоа дека многу наши граѓани кои имаат и друго државјанство брзале да се вратат за да не ги изгубат своите работни места, па во земјите во кои влегуваат ги користат тамошните пасоши. Има многу можности за вакви работи да се провлечат. Затоа, ќе разговараме утре и за транзитните ПЦР-тестови, но сепак би ја почекале дефинитивната листа на 24-те имиња поради тоа што суштински има разлика дали станува збор за наши државјани или државјани на Косово“, рече министерот Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести