Пациентите оставени на немилост, официјално на добар дел од осигурениците по 30 години им е стопирано здравственото осигуруавње, од ФЗО сметаат дека проблемот ќе се решел

Објавил: Мартин Попоски | 3 јануари, 2019 11:26

Фондот за здравство трет ден ја остави половина администрација без осигурување

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Иако министерството за здравство го прогласи 2-ри Јануари за работен, со што илјадници пациенти можеа да го остварат регуларно закажаниот “Мој термин” по основ на прегледи и снимки, сепак пациентите трпат.

Имено Фондот за здравствено осигурување на Македонија, без да именува по чија вина е направената грешка, веќе трет ден остави без осигурување половина јавна администрација во земјата.

Се обидов да си ги купам лековите за кои уредно поседувам рецепти издадени кон крајот на декември. Ми рекоа дека моето здравствено осигурување не е активно и не се во можност да ми ги издатат. Ни приватно ни на рецепт. 

На инсистрање дека сум вработена повеќе од 30 години во јавниот сектор, ми посочија да се обратам во институцијата каде работам, по што добив информација дека сите колеги немаат активно здравствено осигурување. – ни изјави револтирана вработена во јавниот сектор.

Фондот имено три дена молчи за проблемот според кој на огромен број осигуреници им стои дека здравственото осигурување им истекло согласно 31 декември 2018 година.

Официјално од Фондот тврдат дека се работи за проблем, без да прецизираат каков, тврдејќи дека денес до крајот на работното време ќе биде саниран, што пак не е извинување а ни начин за толеранција на проблемот за кој се молчи.

Јас сум со преживеан срцев удар и имам неколку стентови. Мене терапијата не смее да ми доцни ни еден час а не три дена.

Не ми е јасно зошто кога веќе ФЗО имаат проблем не најдат начин како ние пациентите да го решиме својот, имено се работи за животи за кои нема изговори со било какви грешки во системи или не знам што. – изјави граѓанин кој тврди дека од една страна ги почитува упатите од министерството за здравство да не прави “склад” до лекови, а од друга оваа ситуација го вознемирила.

ФЗО и Министерството за здравство јавно молчат. Традиционално неофицијално виновен е системот. Иако дел од вработените во јавниот сектор се во компании со над 50 годишно постоење и со над 30 годишен работен стаж.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...