Од Генералштабот најавуваат дека ќе има санкции за преофесионалниот војник

Објавил: Узунов Бобан | 26 март, 2019 7:31

(фото) Војник од АРМ ја шокира јавноста, побара Нобелова награда за терористот од Нов Зеланд

Фото/Текст извор: ©магазин

„Нобелова награда за храброст да му се даде на „напаѓачот”, човекот во Нов Зеланд. Браво, бравоо”. Ова е фејсбук-статусот на припадничката на артилериската единица на АРМ Татјана Лазаровска. Генералштабот на АРМ најави санкции.

Каков е мотивот за овој фејсбукс статус и дали овој случај ќе значи и кривична одговорност за говор на омраза освен дисциплинската постапка која ја најавуваат од ГО на АРМ за Лазаревска ?

Лазаровска е вработена како професионален војник во АРМ.

Од Генералштабот на АРМ велат дека ја осудуваат нејзината постапка и дека ќе биде сaнкционирана за ова.

По сознанието од наша страна, согласно законските регулативи и надлежности почната е постапка за утврдување на одговорност и за преземање соодветни дисциплински мерки. Генералштабот најостро го осудува секој облик на изразување на каков било вид на нетрпеливост, дискриминирачко однесување или поддршка на истите од кого било. Од Генералштабот е наложено до потчинетите команди и единици секогаш да се преземат соодветни мерки за спречување и најостро санкционирање во рамки на законските надлежности на било кој непримерен облик на однесување и нарушување на угледот на Армијата од страна на своите припадници“, велат од АРМ. 

Педесеттина убиени и триесетина ранети беше билансот на крвавиот терористички напад во две џамии во градот Крајстчрч, на Нов Зеланд. Брентон Тарант, 29-годишен Австралиец, го изврши најсмртоносниот терористички напад во историјата на земјата. Пред двете џамии за време на пладневната молитва тој пристигнал со автомобил, слушајќи по пат и српска песна, посветена на Радован Караџиќ. Со две автоматски пушки го почнува злосторничкиот поход снимајќи го ужасот, кој го пренесувал во живо на социјалните мрежи. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести