За скопјнани карантинот важи од четвртокот во 21:00 часот до утре изутрина во 05:00 часот. Нивниот градоначалник нема заедно со нив да ги почитува мерките на владата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 јуни, 2020 13:47

(ФОТО) Додека скопјани се во карантин Шилегов со друштво ужива во Маврово!

Фото/Текст извор: ©Лидер.мк

Додека скопјани се во карантин нивниот градоначалник, Петре Шилегов, организира групна собиранка во својата викендица во Маврово – покажуваат фотографиите кои ги направи “Лидер”.

Имено, на фотографиите се забелележува дека неколку автомобили се паркирани во дворот на викендоцата на Шилегов, што значи дека освен што градоначалникот избегал од мерките на владата, со себе си понел и друштво со кое ужива во својата викендица.

Репортерите на Лидер.мк, успеаја да го уловат и градоначалникот Шилегов како седи на својот балкон.

Инаку, бројни скандали се редеа околу викендицата на која Шилегов викендов прави журка, прво околу начинот на која е купена а второ околу узурпацијата на државно земјиште од негова страна.

За скопјани карантинот важи од четвртокот во 21:00 часот до утре изутрина во 05:00 часот. Нивниот градоначалник нема заедно со нив да ги почитува мерките на владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести