Скоро комплетна Влада на чело со премиерот Заев, денеска присуствува во Криволак на вежбите „Одлучен удар„

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 јуни, 2019 13:23

ФОТО: Министрите со ВОЕНИ ШЛЕМОВИ НА ГЛАВИ, ги посматраат вежбите „Одлучен удар”!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Вицепремиерот Бујар Османи објави фотографии на Фејсбук дека Македонија е НАТО со фотографии од вежбата „Одлучен удар“. Со фотографиите му се придружи и министерката за Одбрана Радмила Шеќеринска.

Скоро комплетна Влада на чело со премиерот Заев, денеска присуствува во Криволак на вежбите „Одлучен удар„

Вицепремиерот Бујар Османи се пофали на Фејсбук дека Македонија е НАТО, со фотографии од вежбата „Одлучен удар“

Скоро комплетна Влада на чело со премиерот Заев, денеска присуствува на Криволак на вежбите „Одлучен удар„

Вицепремиерите и министрите Османи и Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски, Драган Тевдовски и заменик министерот Андреј Жерновски заедно со премиерот Зоран Заев од хеликоптер со фотографии порачаа дека „Обезбедувајќи безбедност и сигурност, создаваме услови за стабилен економски развој, просперитет и поквалитетен животен стандард.

Исто така Министерката за Одбрана на Република Македонија напиша на социјалните мрежи дека сега Македонија е рамо до рамо со колегите од САД, Литванија, Црна Гора, Албанија и Бугарија.

Одиме на Криволак, да ја погледнеме соработката на Армијата со сојузниците на дело!

„Одлучен удар” – нашата Армија, рамо до рамо со колегите од САД, Литванија, Црна Гора, Албанија и Бугарија.

Одлучен удар“ е најголемата вежба што досега се одржала во нашата земја. На неа, покрај македонската и американската армија, кои учествуваат со по 1.300 војници, застапени се и армиите на Црна Гора со 75, Литванија со 10 и Бугарија и Албанија со по 25 војници.
Целта на вежбата е да се обезбеди зголемување на нивото на интероперативност, зголемување на интеракцијата помеѓу сите учесници и оспособеност за заедничко функционирање на сите елементи во некоја идна заедничка операција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести