Никој од соседите не можел да верува дека една мајка може да направи вакво нешто на своето дете.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 јуни, 2019 16:45

ФОТО: Погледнете што споделила на Фејсбук мајката монструм која си го фрли детето од прозорец па потоа се самоуби

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На фотографиите изгледала како сосема нормална и насмеана девојка која прикачувала фотографиина Фејсбук од патувањето во Полска, од море, но и со своите колеги од работа, додека работела во лабораторија.

Danijela
Ова е Данијела, мајката која го фрли детето од 4ти кат и потоа се самоуби ФОТО ФЕЈСБУК

Данијела денеска како што објавија повеќето медиуми најпрво ги пресекла вените на своето дете, а потоа пред очевидци го фрлила девојчето низ прозорец, го запалила станот, викала од тераса а потоа и самата се фрлила од 4ти кат од зградата во која живеела.

„Го фрли детето, слушнав силен удар, па излегов на балкон. Тогаш го видов детето на плочникот и неговата мајка како стои на балконот и нешто вика. Тогаш таа се врати во станот, па повторно излезе и пак викаше. Неколку минути подоцна скокна и таа“вели очевидецот.

Цртежот кој Данијела го постирала на својот Фејсбук

Залудно еден од соседите ја молел да не го прави тоа, а според пишувањата, некој од соседите истрчал и да го фати детето но залудно. Кога и самата се фрлила од зградата, останала жива, изјавиле очевидците, но набрзо починала и својата тајна ќе ја однесе во гроб.

Кога ги дознал страшните вести, нејзиниот сопруг кој доаѓал од трета смена од работа, останал во шок, по што морала да интервенира и итната медицинска помош. Првичната пријава која стасала до полицијата е дека избил пожар на четвртиот спрат од зградата и дека мајка и дете скокнале во обид да се спасат.

Никој од соседите не можел да верува дека една мајка може да направи вакво нешто на своето дете. Соседите тврдат дека Данијела и Дејан биле сосема нормален пар, дека девојчето често си играло пред зградата а една жена се присетила и дека токму вчера си играла со малото девојче. Сопругот на Данијела, е управник на зградатам а вработен е во една приватна фирма.

По доаѓањето од работа, го дочекал хорор.

Данијела завршила фармација во Белград, и како што велат соседите работела во ВМА. Со Дејан била во брак 7 години, а последниот јавен пост кој го прикачила на социјалните мрежи бил посветен на својата ќеркичка, пред точно три години. На фотографијата со детска рака нацртано е среќно семејство, мајка татко и дете.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.