Вториот по големина туристички центар во земјава

Објавил: Узунов Бобан | 11 јули, 2019 7:35

(фото) Страшно невремe ја пустошеше Преспа од Претор до Долно Дупени

Фото/Текст извор: ©магазин

Катастрофално невреме вчера околу 18 часот и 30 минути ја погоди Долна Преспа.На потегот од Претор до Долно Дупени невремето проследено од силен ветер, дожд и град причини голема материјална штета.

Откорнати дрвја, Стебла паднати врз приколките во Крани, оштетни возил, уништен јаболков род, уништени плажи среде летна сезона, ова е епилогот од незапамтеното невреме. 

Општинските екипи веднаш реагираа и се цела вечер на терен. На помош во полн состав се и екипите на итната помош од амбулантата во Ресен.

Градоначалникот Живко Гошаревски прогласи вонредна состојба во Ресен.

Погледнете ги фотографиите

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести