Го преспа цело лето, а не направи ниту еден нов болнички капацитет, не го зголеми медицинскиот персонал, ниту пак набави вакцина против сезонски грип.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 октомври, 2020 10:07

Хаосот кој го живееме е резултат на неспособноста на Филипче

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

ВМРО-ДПМНЕ го обвини министерот за здравство Венко Филипче дека потфрлил, откако вчерашните податоци за заболени од ковид-19 покажале дека една третина од тестираните биле позитивни и побара тој да поднесе оставка, пренесе Мкд!

Хаосот кој го живееме е резултат на неспособноста и незаинтересираноста на Венко Филипче.

Го преспа цело лето, а не направи ниту еден нов болнички капацитет, не го зголеми медицинскиот персонал, ниту пак набави вакцина против сезонски грип.

Есенскиот бран на ковид го фати целосно неспремен Филипче, иако самиот тврдеше дека на есен вирусот ќе биде појак, ништо не презема.

Лошиот менаџмент со системот придонесе Македонија да е една од земјите на врвот во Европа по заразени на милион жители, но и починати. Ова е жално и трагично.

Сѐ што направи Филипче е вперување на прстот за вина кон граѓаните“, пишува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение во кое додава дека не се виновни граѓаните иго повикува Филипче да преземе одговорност и да поднесе оставка веднаш.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести