Како што информираат од СВР Штип утрово околу 05:20 часот во полициска станица во Кочани од 30 годишник било пријавено дека во нивната семејна куќа на улицата ,,Климент Охридски” во Кочани неговиот 55- годишен татко ја нападнал неговата мајка која била на возраст од 46 години.

Објавил: Весна Петровска | 30 септември, 2019 11:27

ХОРОР:Убиство во Кочани – крвавата драма се одиграла пред очите на синот

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Голема семејна трагедија се случи утринава во Кочани, сеемјната расправија се претвори во убиство. Сопругот ја нападнал својата сопруга и таа во самоодрбана успеала смртно да го повреди. Сведок на убиството бил и нејзиниот син. Информацијата за убиството ја потврди и полицијата.

Како што информираат од СВР Штип утрово околу 05:20 часот во полициска станица во Кочани од 30 годишник било пријавено дека во нивната семејна куќа на улицата ,,Климент Охридски” во Кочани неговиот 55- годишен татко ја нападнал неговата мајка која била на возраст од 46 години.

Повредената со тешки телесни повреди била веднаш пренесена во болницата во Кочани. Откако на терен излегле полициски екипи го пронашле безживотното тело на 55 годишникот со убодна рана во пределот на градите.

Полицијата го расветлува случајот

Во моментов во тек е увид на местото на настанот кој го вршат јавен обвинител и екипа од полициската станица од Кочани. Истражните органи не откриваат кој го извршил убиството, дали мајката или синот.

Неофицијалните информации, кои не се потврдени од полицијата се дека во обидот да се одбрани сопругата го усмртила нејзиниот маж.

Според информациите на Сител, жената со тешки телесни повреди и голем број исекотини во моментов е во штипската клиничка болница.

Полицијата го расветлува случајот и ќе превземе соодветни мерки.

Ова не е прв случај во Македонија при семејна расправија да резултира со убиство.  Полицијата ги превзема соодветните мерки

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...