– Како месна заедница одлучивме да им помогнеме бидејќи живеат во лоши услови.

Објавил: admin@magazin | 14 септември, 2019 14:41

ХУМАН ГЕСТ: Граѓани во Кичево градат куќа на социјално загрозено семејство!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

На иницијатива на месната заедница на селото Длапкин Дол, се гради нова куќа на социјално загрозено семејство од ова село.

– Како месна заедница одлучивме да им помогнеме бидејќи живеат во лоши услови.

Не сакаме јавно да објавиме за кое семејство се работи, но собравме пари од жителите на селото. Секој даде колку мислеше, но најголем дел од средствата се собрани од печалбарите на нашето село. Помогнаа и многу други хумани луѓе и компании од Кичево и Кичевско. Куќата ќе има три соби, кујна и санитарен јазол.

Донации доаѓаат скоро секојдневно, вели Ќамил Рушити од раководството на месната заедница.

Тој се надева дека пред зимата ќе успее да се всели ова семејство во новиот дом.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести