Ифтарска вечера по повод Рамазан. Религиите не треба да не’ раздвојуваат туку да не спојуваат, напиша Шеќеринска.

Објавил: admin@magazin | 16 мај, 2019 20:46

Целата Влада на чело со Претседателот Пендаровски правеа ГОЗБА со вкусни специјалитети!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Министрите од владата на Република Македонија, на чело со претседателот Пендаровски и други верски служби, присуствуваа на ифтарската вечера, која се одржа во елитниот хотел “Буши„ во Скопје, по повод празникот Рамазан.

Министерката за Одбрана и вицепремиерка Радмила Шеќеринска, на социјалните мрежи објави фотографии заедно со целата делегација на владата, на чело со ново избраниот претседател Стево Пендаровски, како присуствуваат на ифтарската вечера, по повод празникот Рамазан.

Министрите од владата на Република Македонија, на чело со претседателот Пендаровски и други верски служби, присуствуваа на ифтарската вечера, која се одржа во елитниот хотел “Буши„ во Скопје, по повод празникот Рамазан.

На фотографиите можеме да ги забележиме Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, портпаролот на СДСМ Мухамед Зекири и други. Таа напиша дека религиите не треба да ги раздвојуваат луѓето, туку напротив треба да ги спојуваат.

Ифтарска вечера по повод Рамазан. Религиите не треба да не’ раздвојуваат туку да не спојуваат, напиша Шеќеринска.

Исто така премиерот Зоран Заев пред неколку денови во Сараево присуствуваше на ифтарска вечера кај претседавачот на советот на министри на БиХ, на која беше и албанскиот премиер Еди Рама.

Заев на својот фејсбук профил напиша дека на покана на Звиздиќ бил на ифтарска вечера во Сараево, заедно со Еди Рама.

– Деновите на рамазански пости се потсетник дека милосрдието, почитта, солидарноста, добрината, љубовта и простувањето се вредности кои треба да ги почитуваме и кои не обединуваат како народи, напиша Заев на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.