Дали вработените во Македонската филхармонија се изложени на притисок поради фејсбук статуси?

Објавил: Стефан Каневче | 4 мај, 2019 0:00

Цензура во Македонската филхармонија!?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вработена музичарка во Македонската филхармонија побара од редакцијата на магазин.мк да објави извинување поради изнесен личен став напишан на личен фејсбук профил, во кој вработената негодуваше на промената на името на институцијата во која работи.

Извинувањето е поради објавената информација на magazin.mk во врска со нејзиниот статус.

По 10 дена од редакцијата на магазин.мк побарано е објавата да биде симната од медиумот како и да се објави извинување кое го пренесуваме во целост:

Се извинувам на Националната Установа Филхармонија, бидејќи, без никаква намера да наштетам, објавив напис на својот личен ФБ профил на 24-04-2019год. и го повлекувам претходно искажаното во истиот.

Редакцијата на магазин.мк побара дополнителна информација од вработена виолончелистка дали имало притисок од раководството на Филхармонијата за објавеното извинување, но до овој момент нема одговор на нашето прашање.

Извинувањето е објавено и на личниот профил на вработената госпоѓа што предизвика уште поголем револт меѓу колегите кои изразуваат поддршка на колешката на која и е одземено правото на слобода на говор на личниот фејсбук профил обвинувајќи за диктатура, прекршување на правото на говор, заробената држава.

Не е познато дали претставниците на Синдикатот на Македонската филхармонија се запознаени со случајот и дали ќе ги заштитат своите колеги од притисоци и јавни извинувања за изнесените чувства кон своите матични институции.

Дали по секоја цена треба да се замолчат сите „непријатни“ теми за власта токму пред вториот круг за избор на нов Претседател на државата? 

Директор на Македонската филхармонија е Виктор Илиески, кој претходно беше претседател на Синдикатот за култура на Република Македонија, од каде што се повлече по назначувањето за директор од страна на поранешниот Министер за култура Роберт Алаѓазовски.

Како прв човек на Синдикатот, Илиески секогаш реагирал во заштита на правата на вработените во секторот култура. Се поставува прашањето дали и понатаму мисли да ги штити правата на вработените откако станал директор?

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...