Ципрас планира да се обрати лично или писмено до сите 140 држави кои не признале по уставното име, Македонија, дека наскоро ќе мора да го користат новото, Северна

Објавил: Мартин Попоски | 7 декември, 2018 7:21

Ципрас и од Русија ќе побара да не именува со Северна Македонија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Грчкиот премиер Алексис Ципрас при секоја средба со странски претставник, чија земја ја признава Македонија под нејзиното уставно име, го потсетува дека истата не треба да заборави дека наскоро треба да го променат називот.

Имено Ципрас на голема врата стана поголем промотор на Северна Македонија отколку неговиот колега Заев.

Согласно договорот од Преспа, Македонија по ратификацијата на спогодбата и уставните измени е обврзана да испрати барање до земјите кои не признаваат под сегашното уставно име тоа да го променат и да не нарекуваат по новото.

Ципрас во разговор со заменикот генерален директор на ТАСС, Михаил Гусман, побара од најзастапената руска новинска агенција веднаш да го применат називот „Северна Македонија“ штом ќе се исполнат условите. Ципрас е во Москва, а треба да се сретне и со рускиот претседател Владимир Путин и заедно да одбележат 190 години руско-грчки дипломатски односи.

Јас не сум бранител на логиката на неактивност, јас сум поддржувач на храбра, активна, мирна надворешна политика. Затоа, верувам дека овој историски чекор, овој договор (меѓу Грција и Македонија за промена на името), воопшто не е поврзан со изборот на нашите соседи да влезат во некоја меѓународна организација (НАТО и ЕУ).

И тоа е поврзано со отстранување на историската некомплетност во однос на името на соседната земја, која сега ќе се промени и ќе им овозможи на десетици земји низ светот, вклучувајќи ја и Русија, да престанат да го користат сегашното уставно име, односно Република Македонија и да го нарекуваат по географска одредница, Северна Македонија.

За нас, Македонија е многу важен елемент на нашето античко грчко културно наследство и култура. Оттука, треба да постои јасна и искрена дистинкција. Затоа, за мене тоа е важен чекор. – рече Ципрас одговарајќи на прашање во ексклузивното интервју во Москва.

Само неколку дена претходно содржински речиси идентично барање имаше и до Борут Пахор, претседателот на Словенија, со кого се сретна во Атина.

Тоа значи дека вие (Словенија), како една од државите кои ја признаа нашата соседна земја под нејзиното сегашно, уставно име, отсега ќе ја признаете и ќе ја нарекувате „Северна Македонија“, што е многу важно за грчкиот народ, со оглед на тоа дека Македонија е голем географски регион во Грција и многу важен дел од античката грчка историја. Исто така, тоа целосно се признава со овој Договор, што ни дава чувство дека имаме избалансиран договор за двете страни. – му порача Ципрас на Пахор по средбата.

Словенија и Русија се мошне значајни земји за Македонија во економско политичките односи и опкружувања, а и двете не ословуваат според уставното име.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести