Во видеото Ципрас кажува дека не признава македонски јазик и нација

Објавил: Узунов Бобан | 22 јануари, 2019 9:22

Ципрас со триумфално видео ја прославува победата со Преспанскиот договор

Фото/Текст извор: ©магазин

 

Co видео од речиси две минути објавено на социјалните мрежи, грчкиот премиер Алексис Ципрас, на граѓаните им ги разрешува дилемите за Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

-Дојде време да ја дознаеме вистината, е пораката на почетокот од видеото во кое се користени инсерти од потпишувањето на договорот, а во продолжение и делови од договорот, со објаснување што всушност тие значат за Грција.

Видеото грчкиот премиер го сподели на официјалните профили на Фејсбук и Твитер.

-Договорот од Преспа е историски чекор, не само за двете земји и за поширокиот регион, туку и за цела Европа. Ги зацврстува односите на пријателство, соработка и стабилност, напиша Ципрас споделувајќи го видеото.

Паралелно, од Министерството за надворешни работи на Грција објавија текст во кој одговараат на најчесто поставуваните прашања од граѓаните во врска со Договорот од Преспа.

-Која беше националната линија прифатена од претходните влади? Што добива Грција од Договорот од Преспа? Со Договорот од Преспа, признаваме „македонска нација“ и „македонски јазик“? Како Грција е обезбедена во случај некоја следна влада да одлучи да отстапи од Договорот од Преспа? Што ќе се случи доколку од грчкиот Парламент не биде ратификуван Договорот од Преспа?, се прашањата на кои од грчкото МНР даваат детални и опширни одговори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести