Инаку пред два дена прв за финансиските проблеми зборуваше директорот на 8-септември Христијан Костов кој за Телма откри дека болницата е пред финансиски колапс.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 септември, 2020 10:18

Чибишев: Болниците се пред финансиски колапс, персоналот е преморен!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Истакнатиот доктор специјалист по интерна медицина, доктор Андон Чибишев вели дека здравствени власти во изминатиот период потфрлиле и дека некои од болниците во Скопје се пред колапс.

Директорот на болницата 8 септември Костов, рече дека до сега ниту еден пациент кој бил заболен од корона вирус не платил ниту денар од свој џеб, а товарот ќе го сноси здравство. Тој посочи дека минситерот Венко Филипче воопшто не е запознаен дека најголемиот ковид центар е во финансика криза.

-Здравствените власти во Македонија во изминатиот период наместо да ги доопремат и кадровски да ги доекипираат болниците во внатрешноста на државата, парите ги трошеа за компири, по некое литро евтино масло за јадење и тоалетна хартија. И, сега кога одговорноста е повторно кај нив се случува клиниките во Скопје да бидат пренатрупани со пациенти, некои од болниците во метрополата се пред финансиски колапс а персоналот е преморен и на крајот на силите. Епа, да не се чудите што колегите одбиваат да примаат пациенти од внатрешноста, не можат веќе, навистина не можат да го поднесат товарот кој им се става на грбот, пишува Чибишев на Фејсбук.

Инаку пред два дена прв за финансиските проблеми зборуваше директорот на 8-септември Христијан Костов кој за Телма откри дека болницата е пред финансиски колапс.

Тој откри дека  цели шест месеци болницата сама набавувала скапи терапии со антибитоци, правела илајдници снимки, а сега не е во можност да ги набави ниту основите материјали за нормално функционирање.

Биле направени 12.000 прегледи на болни од Kовид-19 и над 2.000 излекувани и починати пациенти, а ниту денар од државата за доскорешниот ковид центар во земјава. 

 

 

 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести