Тој се заблагодари на полициските службеници и на сите вработени во Министерството за внатрешни работи за професионалниот и одговорниот пристап во обезбедување на здравствената сигурност на граѓаните.

Објавил: Владо Марин | 26 мај, 2020 19:57

ЧУЛЕВ: Благодарност до граѓаните за високото ниво на одговорност и свесност кои ги покажаа во изминатиот период!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Владата на денешната седница донесе одлука со која oд утре целосно престанува да важи Одлуката за ограничување на движењето на граѓаните.

Благодарeн сум на граѓаните за високото ниво на одговорност и свесност кои ги покажаа во изминатиот период, изјави министерот Наќе Чулев!

Тој се заблагодари на полициските службеници и на сите вработени во Министерството за внатрешни работи за професионалниот и одговорниот пристап во обезбедување на здравствената сигурност на граѓаните.

Силно апелирам до граѓаните да ги почитуваат препораките и мерките за употреба на заштитна опрема кои се насочени кон заштита на нивното здравјето, изјави Чулев!

Премиерот Оливер Спасовски на вечерашната прес конференција соопшти дека Владата одлучила целосно да се укине мерката забрана за движење, односно полициски час почнувајќи oд утре 26 мај 2020.

Задолжителниот карантин се заменува со домашна изолација , доколку лицата поднесат ПСР тест направен во последните 72 часа.

Сите лица во државен карантин може да направат тест и да бидат упатени во домашна самоизолација, вели Спасовски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести