Темата покажува ако сакаш нешто да го решиш ќе го реши, ако сакаш да ја ослободиш државата од изолација ќе го направиш тоа изјави Министерката за одбрана.

Објавил: Перо Милчин | 13 јануари, 2019 14:44

Шеќеринска: “Ако сакаш перспектива на граѓаните, ќе им понудиш отворени врати”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

На денешната прес конференција Министерката за одбрана и вицепремиерка, Радмила Шекеринска изјави дека ВМРО ДПМНЕ бара парламентарни избори за да не ги добие.

Шеќеринска изјави дека ако сакаш да ја ослободиш државата од изолација можеш да го направиш тоа. И беше поставено едно прашање  дали е прифатлива техничка Влада, како што стои во Договорот од Пржино и како што бара опозицијата, министерката изјави дека дека ќе ги почитуваат законите за тој договор.

Дефинитивно, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги почитуваме законите кои оваа држава ги донела. Одговорот ќе биде – Да, во такво сценарио она што стои во законите од прва до последна точка ќе го исполниме, наведе Шекеринска.

Според Шекеринска, ВМРО-ДПМНЕ ја изнеле иницијативата веднаш по гласањето во Собранието за уставните измени за Преспанскиот договор со што сакале да ја сменат темата и да се заборави дека Македонија успеала да реши еден проблем.

„Првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ ја испраќаат пораката: Бараме избори и се молиме и се надеваме дека нема да ги добиеме. Но меѓутоа ја дадоа таа иницијатива веднаш по гласањето во собранието. Сакаа со таа изјава сакаа да заборавиме дека Македонија решила еден проблем, сакаа  да ја сменат темата бидејќи не им одговара. Темата покажува ако сакаш нешто да го решиш ќе го реши, ако сакаш да ја ослободиш државата од изолација ќе го направиш тоа. Ако сакаш перспектива на граѓаните ќе им понудиш отворени а не затворени врати. И на тоа се должеше таа иницијатива да се бараат избори ама да се наоѓа начин како тие да не се случат“, изјави Шекеринска и додаде дека има многу аргументи кои сериозно ќе бидат разгледани во полза на една таква иницијатива и дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ тие ќе ги почитуваат законите кои оваа држава ги донела.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.