Воедно, во периодот од 21.09 до 24.09.2019 година, во секоја општина ќе бидат поставени специјални садови во коишто граѓаните ќе можат да одлагаат кабаст отпад - стар мебел и отпад од електронската и електричната опрема.

Објавил: Перо Милчин | 21 септември, 2019 14:49

ШИЛЕГОВ ГИ ЗАСУКА РАКАВИТЕ: Во Скопје денес се фрла стар мебел, се чисти отпад, се метат улици- граѓаните со полни раце работа!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По повод Светскиот ден на чистењето – 21 септември, Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ денеска почнаа масовна акција за генерално чистење на сите скопски општини.

ПОЧНА ЕСЕНСКАТА АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ.

По повод Светскиот ден на чистењето – 21 септември, Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ денеска почнаа масовна акција за генерално чистење на сите скопски општини. Во акцијата ќе бидат отстранети и графитите со навредлива содржина, коишто промовираат говор на омраза, верска и етничка нетрпеливост.

Во акцијата ќе бидат отстранети и графитите со навредлива содржина, коишто промовираат говор на омраза, верска и етничка нетрпеливост.

Воедно, во периодот од 21.09 до 24.09.2019 година, во секоја општина ќе бидат поставени специјални садови во коишто граѓаните ќе можат да одлагаат кабаст отпад – стар мебел и отпад од електронската и електричната опрема.

Почетокот на акцијата за чистење денеска го означија градоначалникот Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани.

– Градот Скопје денеска почнува една масовна акција со која што што ќе помогнеме на општините да се исчистат споредните улици, бидејќи главните градски услици се предмет на секојдневен третман и истовремено да ја промовираме акцијата за собирање на кабаст отпад, односно негово правилно одлагање во специјални садови, а не во контејнерите.

Исто така, со оваа акција ќе ги извадиме графитите од ѕидовите кои претставуваат говор на омраза. Тоа не значи дека градот е против урбаната уметност на графитите, туку против говорот на омраза. Урбаната уметност и графитите се симбол на секој град и Град Скопје го стимулира тоа, меѓутоа содржини со говор на омраза се неприфатливи – рече денеска градоначалникот Шилегов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Кретивно

Неправилностите на изборите не се современа појава. Уште тогаш биле поставувани луѓе, дури и под масите каде стоеле кутиите и нивна задача била да слушаат каде ќе тропне топчето.

ФОТО: Еве како изгледале гласачките кутии во Македонија меѓу двете светски војни

Со појавата на локални и парламентарни избори на територија на Македонија, гласањето...

Факт е дека како резултат активностите на овој проект и на низата други значајни сеопфатни проекти оваа година не разговараме за загаден воздух во главниот град, односно имаме огромно намалување на бројот на денови со надминати концентрации на пи-ем честички.

Заев: На Светскиот ден на животната средина веќе не разговараме за загаден воздух како резултат на сеопфатни акции на сите засегнати страни

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев вчера зеде учество во...

Тој додаде дека на општо задоволство Скопје чекор по чекор се претвора во зелена престолнина каква што скопјани заслужуваат, односно со високи европски стандарди на уредување на зеленилото коешто е под ингеренции на Градот.

НОВ ГРАДСКИ ДРВОРЕД: РАЗЗЕЛЕНИ БУЛЕВАРОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ KAJ МРТВ

Со засадување на дрворед од 58 висококвалитетни садници покрај булеварот Гоце Делчев...

Со тоа се зголеми бројот на акредитирани методи во делот на хемиските лаборатории во рамките на методата јонска хроматографија, анализа на земноалкални и алкални метали, алкалитет и дел од тешките метали со што се овозможува подетално утврдување на квалитетот на испитуваните примероци.

За прв пат во нашата земја квалитетот на пакуваните минерални води ќе се испитува со најсовремена опрема

За прв пат во нашата земја квалитетот на пакуваните минерални води ќе се испитува со...