Шилегов истакна дека новата елка, заедно со „Винтерленд“ се дел од напорите Скопје да го направи поатрактивна регионална дестинација.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 ноември, 2019 11:07

Шилегов: Годинава Скопје ќе добие нова дигитализирана елка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото миа

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, вчера давајќи отчет за сработеното најави дека оваа Нова година главниот град ќе добие нова елка на централниот плоштад која ќе биде дигитализирана.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, синоќа давајќи отчет за сработеното најави дека оваа Нова година елката на централниот плоштад во Скопје ќе биде дигитализирана.

Шилегов истакна дека новата елка, заедно со „Винтерленд“ се дел од напорите Скопје да го направи поатрактивна регионална дестинација.

Лани кога го промовиравме Винтерленд наидовме малку на скепса, но потоа излезе дека тоа е место што треба да се посети. Лани нависнина немаше човек од Скопје а можеби од Македонија кој што немаше фотографија под новогодишната елка. Оваа година ќе биде малку и дигитализирана елката ама ќе ја видите. Ајде да не зборуваме и да не ги откриваме сите работи однапред, рече Шилегов.

Вчера Шилегов најави и дека Скопје е добие и електричен трамвај кој ќе чини 100 милиони евра.

-Трамвај со систем на водород кој ќе продуцира електрична енергија која ќе го движи. Единствен продизвод од овој трамвај ќе биде водена пареа, односно нула емисија на штетни гасови. Ќе има 24 метарски возила, на секои 4 минути ќе пристига возило на станица и ќе биде тотално издвоен од останатиот сообраќај, рече Шилегов.

Ваквата одлука на Шилегов е поради загадувањето кое е актуелно во моментот. Македонија има неколку градови кои се наоѓаат на оваа листа на најзагадени во светот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести