Градоначалникот нагласи дека покажувајќи почит и внимание за ликот и делото на луѓето кои несебично ги положиле своите животи за нашата слобода покажуваме колку го сакаме својот град и својата земја.

Објавил: Перо Милчин | 13 ноември, 2020 12:06

ШИЛЕГОВ И ЈАНЧЕВА НА ТРАДИЦИОНАЛНА СРЕДБА СО БОРЦИТЕ ОД НОАВМ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денеска го одбележуваме Денот на ослободувањето!

Градоначалникот Петре Шилегов и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, денеска се сретнаа со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија, по повод одбележувањето на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.

На средбата, Шилегов им се заблагодари на борците за несебичната и пожртвувана борба за слободата по која копнееле генерации скопјани, им пожела добро здравје и понатамошна успешна соработка.

Градоначалникот нагласи дека покажувајќи почит и внимание за ликот и делото на луѓето кои несебично ги положиле своите животи за нашата слобода покажуваме колку го сакаме својот град и својата земја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.