-Ова не се само избори за тоа кој ќе биде градоначалник на Скопје, ова се избори што е тоа што скопјани го сакаат за својот град – дали сакаат континуитет на развојот или сакаат градот повторно да се врати назад во она сивило од кое го извадивме во 2017 година – рече Шилегов!

Објавил: Рејхан Бајрами | 1 октомври, 2021 7:23

Шилегов: Скопје меѓу најразвиените европски градови

Фото/Текст извор: ©магазин

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов, вчера на улица „Македонија“ изјави дека скопјани ќе изберат градот да оди напред и, како што рече, да влезе во групата на најразвиени европски градови.

-Ова не се само избори за тоа кој ќе биде градоначалник на Скопје, ова се избори што е тоа што скопјани го сакаат за својот град – дали сакаат континуитет на развојот или сакаат градот повторно да се врати назад во она сивило од кое го извадивме во 2017 година – рече Шилегов!

Додека пак Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, за време на вчерашната посета на Ѓорче Петров, ги презентираше нејзините, како што рече, брзи и ефикасни решенија за модерно Скопје.

-Недозволиво е во 21 век да имаме општини во Скопје со услови за живот како да сме еден век наназад. Недозволиво е граѓани да газат по кал, да има неасфалтирани улици, да немаат вода за пиење, а да велиме дека Скопје е нашата метропола. Граѓаните со кои се среќавам секојдневно не бараат многу. Тие бараат човек, менаџер на градот кој ќе работи исклучиво на унапредување на квалитетот на живот за сите нив, кој ќе придонесува кон секојдневен раст и развој на градот, а со тоа и граѓаните ќе бидат горди дека живеат токму во Скопје – истакна Арсовска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.