Градоначалникот Шилегов истакна дека водата што ја пијат скопјани е безбедна и невозможно е да биде загадена. Скопската вода, како што рече, е една од трите најдобри води во Европа.

Објавил: admin@magazin | 22 март, 2019 23:29

ШИЛЕГОВ: „Тури уште по една да се напиеме, денеска е светски ден„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Градоначалникот Шилегов денеска на светскиот ден на водата изјави дека водата што ја пијат Скопјани е безбедна и невозможно е да биде загадена. Како што рече тој, таа е една од трите најдобри води во Европа.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Душко Весковски и Зоран Божиновски, директор на Центарот за санитарна контрола и надзор при ова јавно претпријатие на одбележувањето на 22 Март – Светскиот ден на водата изјавија дека Скопјани цело време пијат чиста и здрава вода и не треба да се грижат дали ќе има снема, бидејќи водата ја има во изобилство. 

Шилегов рече дека водата што се пие во Скопје е стара 30 години и толку многу е потребно низ природните филтри водата од Шар Планина која по подземните патишта доаѓа преку Полог, Жеден до изворот Рашче да го помине патот и се филтрира по сите овие геолошки појави што ги има под земјата.

Градоначалникот Шилегов рече дека само 8% од водоводните цевки во Скопје се азбестни. Се работи интензивно низ цел град, се вршат прекопи што се однесуваат на изградба на канализациски системи или на промена на водоводни системи што се дотраени.

Азбестни цевки има во населбите Ченто и Драчево. Тој изјави дека скопските населби во урбаниот дел целосно се покриени со водоснабдување.
Прашан за водоснабдувањето во општина Сарај, Шилегов рече дека во моментот кога Општина Сарај ќе достави градежни проекти за изработка на водовод, што е во истата општинска надлежност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести