Колариќ рече околку Обвинителството не го приведе Шилегов на службен разговор рече таа, постои можност да овозможи тој да ги прикрие трагите и доказите и кривичното дело да мине неказнето.

Објавил: admin@magazin | 2 мај, 2019 18:01

Шилегов ужива во Шпанија на стадионот “КАМП НОУ”, а од ВМРО ДПМНЕ доби кривична пријава!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе кривична пријава против градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, и уште две непознати лица, за злоупотреба на службена должност, како и несовесно работење, за бесправно градење и поткуп при избори и гласање.

Советничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Светлана Колариќ, денеска во изјава за новинарите рече дека ВМРО-ДПМНЕ бара од Јавниот обвинител да постапи согласно овластувањата и да направи увид за да ја утврди фактичката состојба на градежните работи на булевар АСНОМ и да направи увид во градежната документација која ја поседуваат Град Скопје и Петре Шилегов.

Колариќ рече доколку Обвинителството не го приведе Шилегов на службен разговор, постои можност да овозможи тој да ги прикрие трагите и доказите и кривичното дело да мине неказнето, а обвинителството наместо бранител на правда, да биде соучесник.

Таа исто така изјави дека ВМРО ДПМНЕ очекува Јавниот обвинител веднаш да постапи согласно временскиот изборен рок и да го приведе Петре Шилегов на службен разговор, веднаш по враќањето од Барселона, Шпанија каде што бил забележан на фудбалскиот стадион Ноу Камп“.

„Имено, на 24 април преку медиумите Шилегов најави започнување на градба на булеварот АСНОМ и изградба на мост од Аеродром кон Ќерамидница. Шилегов за истото се пофали и преку социјалните медиуми, проследено со фотографии од градежните работи. Од допрен глас имаме сознанија дека започната изградба проширување на булеварот АСНОМ се прави без одобрение за градба и тоа од непознат изведувач на градба и од непознат надзор на градба, со што постојат сомневања за сторени кривични дела.

ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе кривична пријава против градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, и две непознати правни лица, за злоупотреба на службена должност и овластување, како и несовесно работење, за бесправно градење и поткуп при избори и гласање.

За проектот изградба, во првата фаза- проширување на булевар АСНОМ, ќе се потрошат над 50 милиони денари, а за истото нема одобрение за градба, што се потврдува и на лице место на градежните работи не е поставена табла на која треба да е напишано и бројот на решението за градба и имињата на изведувачот и на надзорот на градежните работи“, изјави Светлана Колариќ.

Уште поважно е што, додаде таа, ова кривично дело се прави во временски период во изборна кампања, односно пред вториот круг на претседателските избори на 5 мај.

Со кривичната пријава, ВМРО-ДПМНЕ бара од Јавниот обвинител да постапи согласно овластувањата и да направи увид за да ја утврди фактичката состојба на градежните работи на булевар АСНОМ и да направи увид во градежната документација која ја поседуваат Град Скопје и Петре Шилегов.
„Очекуваме Јавниот обвинител веднаш да постапи согласно временскиот изборен рок и да го приведе Петре Шилегов на службен разговор, веднаш по враќањето од Барселона, Шпанија каде што беше забележан на фудбалскиот стадион Ноу Камп“, рече Колариќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.