Овој фејсбук статус на Васко Стојков следува после објавените четири телефонски разговори на порталот Инфомакс каде неознато лице во кафана разговара со Зоран Заев.

Објавил: Владо Марин | 12 мај, 2020 8:53

ШОКАНТНО: АЛИ И ГРУЕВСКИ ГО МОЛЕЛЕ ЗАЕВ ЗА БОМБИТЕ!?

Фото/Текст извор: ©Во центар

Поранешниот адвокат на Љупчо Палевски Палчо, Васко Стојков, кој во јавноста фигурира како еден од основачите на движењето Трета, на својот фејсбук профил јавно праша:

„Кога ќе го објавите делот од истиот разговор за да слушниме дека Груевски и Али оделе кај Заев и барале амнестија за себе?

Овој фејсбук статус на Васко Стојков следува после објавените четири телефонски разговори на порталот Инфомакс каде неознато лице во кафана разговара со Зоран Заев.

Според Васко Стојков станува збор за средба во една струмичка кафана каде разговарале Александар Верушевски и Зоран Заев.

Според Васко Стојков станува збор за разговор во траење од 2 часа и 36 минути на кој биле отворени многу прашања поврзани со бомбите.

Стојков не негираше ниту пак потврди дали тој го има слушано целиот разговор и дали располага со копија од тој разговор

Порталот „Инфомакс“ неодамна објави четири аудио-записи за кои тврди дека еден од соговорниците е лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а во една од тие снимки може да се слушне како тој се заканува дека на бизнисменот Орце Камчев ќе му го „е… мамето мамино“.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, води со анонимен соговорник пред изборите во декември 2016 година, а како што објаснува Митовски, снимките ги добил од свиркач.

Од снимките може да се забележи дека разговорот е воден во угостителски објект, а на првиот аудио-запис се слуша како соговорникот дели мислење дека СДСМ ќе изгуби на изборите (мислејќи на декемвриските избори во 2016 година), затоа што, како што може да се слушне на аудиото, народот не ги сака.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести