Ова го покажаа резултатите од проектот „Родова дискриминација во средното и високото образование

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 мај, 2019 19:50

Шокантно: Професори во Тетово барале сексуални услуги од студентите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шокантна бројка во Тетово,покажа истражувањето спроведено во рамки на проектот „Родова дискриминација во средното и високото образование“.

Дури 62 отсто од студентите изјавиле дека претрпеле дискриминација од професорите на Универзитетот

Како што пишува Слободен печат од 334 студенти кои биле анкетирани, 15 навеле дека им биле побарани сексуални услуги од професори на двата Универзитети во Тетово. Ова го покажаа резултатите од проектот „Родова дискриминација во средното и високото образование“, што го работат Феминистичкиот клуб и Студентскиот парламент при Универзитетот на Југоисточна Европа. Претежно таквите услуги биле побарани од женските студенти.

– Анкетата во проектот и воопшто информациите кои ги имаме покажуваат дека жените се повеќе дискриминирани. Со оглед дека студентите ги кажале и имињата на професорите, може да се каже дека меѓу нив има и луѓе на високи позиции во државните институции. Ние ќе ги доставиме информациите до управите на Универзитетите и до надлежните институции кои треба да ги процесуираат случаите, изјави Рита Бехадини од Феминистичкиот клуб.

Сафет Незири истакна дека тие како министерство ги советуваат студентите и сите други кои претрпеле некаков вид дискриминација веднаш да пријават.

– Ние како Министерство за образование и наука постојано ги мотивираме и стимулираме сите оние таргет групи да пријават до соодветните органи во училиштето или универзитети, се разбира и до другите надлежните инстутуции и до државен просветен инспекторат, секаков вид на дискриминација, истакна Сафет Незири, државен советник за образовни политики во Министерството за образование.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести