По повторното кршење на Деловникот на Собранието на Македонија за измени на Изборниот законик веќе нема место за тактизирање

Објавил: Мирко Бачиќ | 18 јули, 2018 15:04

Што треба денес Мицкоски да му каже на Заев!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Парламентарното мнозинство како што сака да го нарекува Заев вчера повторно го прекрши Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија и по скратена постапка со Европско знаменце благодарение на Талат Џафери ги донесе измените на Изборниот законик во однос на потребниот број гласови во законодавниот дом за избор на членови на Државната изборна комисија по што ВМРО – ДПМНЕ ги загуби правните механизми за транспарентно делување во процесот на избори а Заев и Ахмети добија можност за “чист” Референдум поточно одобрување на Договорот за кој како што кажа вчера Никола Димитров – “Ако има еден глас повеќе против  – ќе прифатиме дека тоа не е вистинскиот пат”.

Иако сите премолчуваат зошто само “за” и “против” се опции? И бојкотирам е став.

Лидерската средба ќе биде и помине но веќе е крајно време ВМРО – ДПМНЕ и претседателот Мицкоски на Заев а пред се на македонската јавност да им ги соопшти одговорите на трите суштински прашања за кои до сега имаше многу текст а малку содржина. Мицкоски мора да знае дека моќта на политичката партија која ја предводи и одлуките кои треба да се донесат сега – е моментот што ќе биде пресуден за успешноста на Референдумот со кој се отвора можноста за промена на Уставното име – Република Македонија а со тоа и целосно да се негира постоењето на Македонската нација.

1. Дали ВМРО – ДПМНЕ ќе го повика или не членството / симпатизерите и граѓаните на Република Македонија да го бојкотираат најавениот Референдум?

2. Дали ВМРО – ДПМНЕ ќе ги повика своите пратеници да гласаат за или против намалување на цензусот на излезенот на електоратот?

3. Дали ВМРО – ДПМНЕ ќе именува или не свои членови во Државната изборна комисија по измените на Изборниот законик?

И ова се три прашања на кои со вистински одговори ВМРО – ДПМНЕ ќе одговори и на предизвикот како политичка партија а ќе ги демонстрира и патриотските вредности по основ на постоењето на Македонската нација и држава поради кои и НАТО и ЕУ интеграциите може да почекаат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести