Пратеникот Влатко Ѓорчев на изненадување на сите, го праша премиерот Заев што направил за етничките албанци кои гласале за него, на ова се надоврзаа и пратеници од владеачката ДУИ

Објавил: Мартин Попоски | 1 ноември, 2018 7:56

Ѓорчев до Заев: „Што направивте за Албанците кои гласаа за вас?“

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, ја искористи собраниската седница наменета за пратенички прашања, да постави и прашање за етничките албанци и нивниот квалитет на живеење.

За прв пат откако се во опозиција, член на ВМРО – ДПМНЕ изрази загриженост за правата на Албанците во Македонија, коментираат албанските медиуми.

Пратеникот Влатко Ѓорчев го праша Премиерот што конкретно направил досега за Албанците кои му го дадоа својот глас на последните парламентарни избори.

Премиерот реагираше велејќи дека првата работа која е направена е еднаквост на нивните права во областа на вработувањата и распределбата на инвестициите.

Заев рече и дека Албанците не ги гледа како етничка заедница, туку како граѓани на Македонија.

Со овој одговор не беше задоволен патеникот Ѓорчев. Тој потсети на ветувањата дадени на албанскиот електорат од страна на Премиерот.

Се чинеше дека незадоволен беше и пратеникот на ДУИ, Реџаил Исмаили, кој побара од Премиерот да го исполни ветеното за расчистување на случајот „Алфи“, за кој рече дека е монтиран.

На денешната седница беа поставени прашања од областа на економијата, правдата, културата, инфраструктурата и слично.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести