Инаку обвинителство за борба против организираниот криминал и корупција во случајот „рекет“ ги обвини Боки 13 и  Јанева  дека со умисла го рекетирале бизнисменот Јордан Камчев  за да му се укине мерката притвор во предметот „империја“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 мај, 2020 11:57

Јанева: Да знаете што знам јас од тие 660 илјади разговори , денеска не би била тука!

Фото/Текст извор: ©канал5

Утринава во Кривичниот суд започна рочиштето за предметот „Рекет“ а исказ дава обвинетата поранешна специјална обвинителка Катица Јанева.

„На јавноста и на судот и ја должам вистината , по 10 месеци ќе кажам што имам за случајот , да знаете вие што знам јас од тие 660 илјади разговори , денеска не би била тука, вака ги започна својот исказ Јанева, рече дека чест и било што ја избрале за специјална обвинителка и оти библија на нејзиното работење е Законот за кривична постапка и законот за СЈО, објави Канал 5..

Инаку обвинителство за борба против организираниот криминал и корупција во случајот „рекет“ ги обвини Боки 13 и  Јанева  дека со умисла го рекетирале бизнисменот Јордан Камчев  за да му се укине мерката притвор во предметот „империја“. Третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец, пак, на првото рочиште за „рекет“, што се одржа во декември, лани,  призна вина за делото „примање награда за противзаконито влијание“, по што беше осуден на три години затвор. На Милевски пред неколку недели му беше укинат и куќниот притвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести