Јанушев додава дека а граѓаните не забораваат на касарната што ја изгради Венко Филипче на Водно.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 април, 2020 18:27

Јанушев до Филипче: Нели се чувствуваш понижено што си дел од Влада која дава пари за СЈО, ручеци и патувања, а нема за маски за доктори?

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев преку својот официјален Фејсбук профил се обрати до министерот за здравство Венко Филипче, прашувајќи го: Нели се чувствуваш понижено што членуваш во Влада која дава пари за СЈО, ручеци и патувања, а нема за маски за доктори?

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ со прашање до министерот Венко Филипче…

„Не сакам да влегувам во полемика со Филипче, но човек просто по било која цена не може да премолчи кога министер платен од граѓаните отворено лаже и манипулира.Затоа ќе го прашам – Венко кога последен пат си бил во посета на докторите и здравствените работници во главните жаришта!?Еве ќе ти кажам тие што зборат – нема маски, нема опрема и тие се снаоѓаат кој како знае!Венко, си ги отворил ли форумите каде доктори и медицински сестри молат за помош од луѓе кои рачно изработуваат маски!?Нема заштитна опрема во болниците, лекарите се облечени како педијатри во нормално време, а не како лекари во ек на пандемија од заразен вирус кој го “сврте” светот за неполн месец.Доколку имаа заштитни скафандери, визири, хируршки маски и ракавици, зошто тогаш имаме над 80 заразени доктори и здравствени работници!? Сакаш ли да кажеш дека е нивна грешка што се заразиле или пак ти и владата не им обезбедувате средства за работа!? Јас ти тврдам дека е второто.И на крај кога сме кај грешките, еве и да сакам да те бранам Венко нема ниту еден аргумент за тоа. Што направи во кризата? Презема ли некој одговорност за Цаца, за случајот во Охрид, во Велес, за тоа што во Куманово дури и по признание на вашиот градоначалник сеуште нема помош, иако со денови се укажувало на тоа.И ова не е политика, туку човечко укажување на пропустите. И нели се чувствуваш понижено што владата од која си дел дава пари за компромитираното СЈО, за ручеци, ама не и за маски на доктори кои се заразуваат, пишува Јанушев.

Јанушев додава дека а граѓаните не забораваат на касарната што ја изгради Венко Филипче на Водно.

На крај, немој случајно да помислиш дека сме заборавиле на касарната што ја изгради на Водно на имотот на твојот директор на хируршки, но и на военото профитерство, за ова ќе зборуваме во друга прилика, по кризата … сега треба да се спасат човечки животи“!

На ова министерот Венко Филипче одговори дека Јанушев се обидува да ја манипулира јавноста.

Игор Јанушев, исто како и Мицкоски се обидува да ја изманипулира јавноста. Минатиот пат Мицкоски свесно манипулираше дека нема тестови, а овој пат лагата е дека нема заштитна опрема за медицинскиот персонал.

Одговорно тврдам дека ништо не недостасува, а има и доволни количини во резерва.

Минатата недела е направена инспекциска контрола во 79 здравствени установи од страна на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и во ниедна не е забележан недостиг на опрема.

Дополнително, во тек е набавка за дополнување на резервите за што е распишана покана за јавна набавка објавена на веб-страницата на Министерството за здравство и тоа за: 12.000 маски N95 или сличен стандард, 20.000 скафандери, 500.000 хируршки маски, 5.000 визири и 1.200 гумени скафандери.

Не ја разбирам потребата постојано да се лаже и манипулира јавноста на тема која и онака ги држи граѓаните во страв и неизвесност. Ова однесување на опозицијата не носи добро никому и многу одмага во борбата со коронавирусот.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести