Прво, самата постапка за разрешување е во “најмала рака” долга и комлицирана.

Објавил: admin@magazin | 23 август, 2019 14:24

ЈАНУШЕВ: “ПАДА ВЛАДА – дечки нема да ви пројде ова, помирете се – СЈО е компромитирано до коска, до срж”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

“Дечки нема да ви пројде ова, помирете се – СЈО е компромитирано до коска, до срж! Прочитани сте! Пада Влада!“ – порача на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев. 

Не постојат законски пречки да се именува в.д. Специјален обвинител – изјави Зоран Заев.
Епа постојат … и те како постојат, само што Заев не ги знае, а тие правници околу него сигурен сум дека не му ги кажуват, во спротивно можат да си ги искинат дипломите, пишува Јанушев.
Прво, самата постапка за разрешување е во “најмала рака” долга и комлицирана.

ЈО треба да подготви Известување до Советот на јавни обвинители дека е покрената кривична постапка против Катица Јанева, по што Советот подготвува писмен Извештај за основите за разрешување кој го доставува до Комисијата за избори и именувања во Собранието на РМ, а оваа Комисија доставува предлог на пленарна седница на Собранието на РМ за разрешување, каде што се разрешува со двотретинско и бадентерово мнозинство.
Е после се ова, Советот на јавни обвинители носи Одлука за разрешување на Катица Јанева.

Тој додава дека како второ, Законот за СЈО никаде не уредува, ниту споменува именување, односно избор на в.д. Специјален обвинител, а упатувањето на Законот за ЈО може да го направи само неписмен правник … или некој кој одработува за криминално-рекетарската Влада на Зоран Заев и СДСМ!
Нема да се дозволи еден рекетар како Катица да биде заменет со “ново дете”, исто послушник на Заев.

Или за крај, вака народски кажано: “Дечки нема да ви пројде ова, помирете се – СЈО е компромитирано до коска, до срж! Прочитани сте! Пада Влада!“ – порача Јанушев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.