Тој е професор на Меѓународниот универзитет во Струга и беше директор на Водовод и канализација од Струга, некогашна Проаква.

Објавил: Владо Марин | 22 август, 2020 9:21

Јетон Шаќири ќе биде новиот министер за информатичко општество

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Јетон Шаќири ќе биде министер за информатичко општество и администрација, предложен од Демократската унија за интеграција (ДУИ), информира весникот Коха.

Тој е професор на Меѓународниот универзитет во Струга и беше директор на Водовод и канализација од Струга, некогашна Проаква.

Лидерите на СДСМ и ДУИ договорија продолжување на коалициската соработка и во следните четири години.

Лидерот на партијата, Али Ахмети, изјави дека со функциите во новата влада испраќаат порака за заедничка држава и порака за рамноправност.

ДУИ ќе добие премиер во последните 100 дена од владата, а дотогаш владата ќе ја предводи Зоран Заев.

Согласни сме за неселективна и длабинска борба со криминалот и корупцијата, на сите нивоа. Согласни сме да се спроведе прочистување на правосудството и проверка на капиталот кај секој функционер по пат на систем кој заеднички ќе биде договорен и ќе ги земе во предвид најдобрите европски практики. Постои согласност да се зголеми отчетноста на сите нивоа на власта и да се намалат привилегиите на функционерите. Постои согласност за заштита на животната средина да биде еден од врвните приоритети. Борбата со коронавирусот да биде врвен приоритет преку темелен и транспарентен пристап“, рече Заев.

Фатмир Бесими е новиот министер за финансии, Бујар Османи е шеф на дипломатијата а Артан Груби е прв вицепремиер и министер за политички систем.

Крешник Бектеши останува во економија како и Насер Нуредини кој ќе продолжи да го води министерството за животна средина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести