Оваа љубовна драма започнала откако Рахим Јаворовац, кој е државјанин на САД од 2006 година бил фатен на канадско-американската граница во Детроит заедно со својата љубовница Ленче Крчоска. Македонецот сакал да ја пренесе љубовницата во САД, со документи од својата венчана сопруга, но за жал не им успеало и биле фатени па сега се соочуваат со сериозни обвиненија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 декември, 2019 14:36

ЉУБОВНА ДРАМА: Македонец со пасош на сопругата сакал да ја внесе љубовницата во САД

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шокантни вести пристигнаа од Детроит њуз“ кој неодамна објави дека македонски државјанин со пасошот на сопругата сакал да ја внесе љубовницата од Канада во САД.

Оваа љубовна драма започнала откако Рахим Јаворовац, кој е државјанин на САД од 2006 година бил фатен на канадско-американската граница во Детроит заедно со својата љубовница Ленче Крчоска. Македонецот сакал да ја пренесе љубовницата во САД, со документи од својата венчана сопруга, но за жал не им успеало и биле фатени па сега се соочуваат со сериозни обвиненија.

Четириесет и девет годишниот Јаворовац пристигнал на границата на 15 септември со возило „нисан“ со таблички од Тексас, а на совозачкото седиште била Ленче Крчоска, стои во тужбата поднесена во Окружниот суд на САД,.

Македонецот сакал да ја пренесе љубовницата во САД, со документи од својата венчана сопруга, но за жал не им успеало и биле фатени па сега се соочуваат со сериозни обвиненија.

Драмата да биде уште поголмема Јаворовац, кој е жител на Илиноис, на полициските службеници им рекол дека тој и неговата сопруга се враќаат од посета на нивна пријателка во Виндзор.

Ваквата лага не му поминала бидејќи службеникот веднаш забележал дека неговата љубовница Крчкоска и венчаната жена на Јаворовац која е на фотографијата од пасошот, воопшто не личеле.

Веднаш потоа со помош на автоматизираниот систем за идентификација на отпечатоци бил потврден идентитетот на Крчоска по што било откриено дека таа влегла во Канада во јули користејќи го името Елена Тренеска.

Јаворовац и Крчовска биле во врска многу одамна, како што тој и признал на полицијата. Тој изјавил дека 20-30 години во Македонија тие имале романса, но потоа изгубиле контакт а сега патот повторно им се вкрстил откако Крчоска дошла во Канада. 

Крчоска се изјаснила како невина пред судот Јаворовац бил ослободен со гаранција од 10.000 долари. Нему му е  одземен и пасошот и има забрана да патува надвор од Мичиген и Илиноис.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести