Ништо нема да ме исплаши во мојата работа

Објавил: Данаил Михајловски | 21 септември, 2018 22:15

Љупчо Златев за Магазин: Со вакви мафјашки методи нема да ме замолчат

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Утринава во Маврово беше нападната екипата на Лидер во Маврово која истражуваше наводната злоупоѕреба на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов. Новинарот, Љупчо Златев во кратка изјава за Магазин.мк вели дека ова нема да го исплаши и дека ќе продолжи да објавува за коруптивното работење на Шилегов.

Им кажав на двајцата насилници дека ми е жал што Шилегов ги пратил да го прават ова. Но со вакви мафјашки методи нема да ме замолчат, изјави кратко за Магазин новинарот Љупчо Златев.

Инаку, Утринава Економски Лидер објави дека скопскиот градоначалник Петре Шилегов направил кривично дело за кое се оди во затвор, со тоа што узурпирал државно земјиште на националниот парк Маврово, кое си го користи како двор за својата викендица, покажуваат документите до кои стигна Економски Лидер.

Документите до кои дојдовме покажуваат дека Шилегов узурпирал над 1000 м2 државно земјиште, кое се наоѓа непосредно над неговата луксузна викендица во Маврово и го претворил во дворно место.

Мапите на катастер покажуваат дека викендицата на Шилегов се наоѓа на парцелата број 1625, односно веднаш над мавровското езеро.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести