Соња за РТРС, изјави дека без оглед дали се работи за 20 или 40 години затворска казна, тоа е доживотен затвор .

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 март, 2019 20:39

Ќерката на Караџиќ: Пресудата за татко ми е резултат на политички притисок

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

“Пресудата на татко ми беше резултат на политички притисок”, ова го изјавила Соња Караџиќ-Јовичевиќ, која е потпретседателка на Народното собрание на Република Српска и ќерка на Радован Караџиќ.

Соња за РТРС, изјави дека без оглед дали се работи за 20 или 40 години затворска казна, тоа е доживотен затвор .

Таквата пресуда очигледно е резултат на политички притисок и нема никаква врска со правото, правдата, фактите и доказите и тоа што во жалбената постапка го работеше адвокатскиот тим“, рекла таа за РТРС.

Караџиќ беше осуден на доживотен затвор, а по пресудата изјави: “Ова нема врска со право, ниту со правда”

Таа изјавила дека успех е и тоа што нејзиниот татко не бил осуден за геноцид во седум општини.

„Се надевам дека кога тогаш вистината ќе излезе на виделина и дека овие народи, кога ќе дојдат до вистината во БиХ, конечно ќе може да се помират и да живеат нормално. До тогаш мислам дека тоа ќе биде сè потешко и потешко“, рекла Караџиќ-Јовичевиќ.

Инаку Караџиќ беше осуден на доживотна казна затвор, а по пресудата и неговиот адвокат Горан Петронијевич изјави дека пресудата е донесена под притисок, додавајќи дека вакви пресуди за доживотна казна секогаш се донесуваат под притисок. Адвокатот на Караџиќ вели дека прсудата ја донел американскиот судија Теодор Мерон уште пред во ноември минатата година да го замени португалскиот судија Иво Роса, кој одлучил да влезе во процесот за само три месеци.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.