Промена на времето можна е некаде околу 30, 31 октомври односно на самиот крај на овој и почетокот на ноември месец.

Објавил: Весна Петровска | 21 октомври, 2019 19:09

Ќе има ли заладување до крајот на месецов? – УХМР информира

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Натпросечното топло време со многу високи температури на воздухот за овој период од годината и официјално ќе се задржи до крајот на месецов.

Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степен. Мал пад на истите ќе има од четврток, па за време на викендот, информира метеорологот Славчо Попоски.

Ваквото време и тоа како многу лошо ќе се одрази кај поголем дел од граѓаните каде расте опасноста од појава на вируси.

Промена на времето можна е некаде околу 30, 31 октомври односно на самиот крај на овој и почетокот на ноември месец.

Времето денеска

Времето во Република Северна Македонија беше сончево и топло со слаб јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 25 до 31 степен.

Во Скопје, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Продолжува периодот на претежно сончево време со натпросечни дневни температури за овој период од годината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...