МВР билтен за изминатата ноќ во Скопје

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 август, 2018 9:56

10 лица повредени едно потешко во 14 сообраќајки во Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Десет лица се полесно повредени а едно се здобило со тешки телесни повреди во 14 сообраќајни несреќи евидентирани на подрачјето на СВР Скопје во изминатото деноноќие.

Од сообраќајките шест биле со причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција санкционирала 24 возачи за пречекорување на пропишаната брзина исклучени се 23 возачи од сообраќај од кои 19 пред да се стекнат со право на управување моторно возило едно лице било под дејство на алкохол а тројца биле возачи почетници. Од сообраќај биле исклучени и 14 нерегистрирани возила.

Изречени се 97 мерки за непрописно паркирање а “пајакот” кренал 59 возила

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести