Денеска се одбележуваат во Париз, 100 години од крајот на Првата светска војна

Објавил: Перо Милчин | 11 ноември, 2018 15:56

100 години од крајот на Првата светска војна

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Денес светската елита се собра во Париз. Седумдесет шефови на држави и влади се собрани денеска во Париз, каде ќе биде одбележана стогодишнината од завршувањето на Првата светска војна, пред Триумфалната капија.

На покана на претседателот Емануел Макрон, денска во Париз, пристигнаа лидерите Доналд Трамп, Владимир Путин, Ангела Меркел, Џастин Трудо, Реџеп Таип Ердоган, првите луѓе на ОН, на НАТО, на Европската Комисија, Меѓународниот монетарен фонд, Светска банка, УНЕСКО, ОЕЦД, а меѓу светските лидери е и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.

Свеченоста пред Триумфалната капија почнува во 11 часот , во времето кога на француските граѓани им било објавено дека стапува на сила Договорот за примирје , потпишан на 11 ноември 1918 година.

Воениот хор, ќе ја изведе и француската ,,Марсељеза‘‘, средношколци ќе читаа извадоци од сведочењата кои на денот на примирјето ги напишале по еден француски, британски, американски и германски војник, кинески работник и Французинка на својот партнер, војник на фронтот.

Претседателот Макрон, потоа ќе им се обрати на насобраните, каде се очекува да упати порака за мултилатерализам, кој се повеќе се напушта.

Свеченоста ќе заврши со одавање почест на Незнајниот јунак со звуците на ,,Болеро” од Морис Равел, за потоа да има уште една минута молчење , кое ќе биде прекинато со звук на труба со која се ознначило примирјето пред 100 години.

Овој собир се одржува под исклучителни мерки на безбедност , поради што Париз ќе биде обезбедуван од над 10 000 полицајци и специјални единици.

По овој спектакл ќе биде одржан и парискиот Мировен форум, на кој нема да присуствува американскиот претседател Доналд Трамп.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести