– Шест лица, меѓу кои и некои од раководството на компанијата, можеби сториле измама на штета на „Порше“, се наведува во соопштението.

Објавил: admin@magazin | 29 мај, 2019 9:03

200 полицајци направија претрес во канцелариите на „Порше“ поради сомневање за корупција!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Канцеларијата на јавниот обвинител во Штутгарт соопшти дека се претресени канцелариите на производителот на спортски автомобили „Порше“, поради сомневање за подмитување ревизори заради добивање даночни информации.

Како што се наведува во соопштението, обвинителите се сомневаат дека „службеник од Канцеларијата за ревизија на деловни објекти во Штутгарт му откривал доверливи информации на даночниот советник на компанијата „Порше“ и прифатил надомест во замена.

Во пребарувањето на канцелариите на компанијата, учествувале 200 полицајци и обвинители, даночните служби, приватните куќи на даночниот советник во Штутгарт и околината, во потрага по дигитални документи.

– Шест лица, меѓу кои и некои од раководството на компанијата, можеби сториле измама на штета на „Порше“, се наведува во соопштението.

На почетокот на овој месец, „Порше“ се согласи да плати парична казна од 535 милиони евра поради скандалот „diseselgate“.

Матичната компанија на „Порше“ – „Фолксваген“ призна дека во 2015 година во 11 милиони возила вградила софтвер со кој се овозможува фалсификување податоци за емисиите на штетни гасови.

Порше е германски произведувач на супер спортски автомобили. Настанале во 1931 година, а ги основал Фердинанд Порше. Седиштето се наоѓа во Штутгарт, а автомобилите се наоѓаат во сопственост на Фолксваген групата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести