За потсетување, Раперот Далибор Андонов Гру (46) загина на 11 септември околу 3:30 кога при кајтбординг паднал во Дунав. Телото на пејачот со чамец на брегот го извадиле неговите пријатели во наутичкиот клуб Земун. Тие повикале Итна помош, меѓутоа, таа само можела да констатира смрт.

Објавил: Весна Петровска | 18 октомври, 2019 13:43

40 дена од смрта на Гру: Го прегрна крстот и заплака на цел глас – тажан е сликата на белградските гробишта

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Навршија 40 тажни денови откако трагично настрада Далибор Андонов Гру, а сопругата Даница, заедно со неговите родители, родни и пријатели, пристигна во Орловаќ носејќи голем венец.

За потсетување, Раперот Далибор Андонов Гру (46) загина на 11 септември околу 3:30 кога при кајтбординг паднал во Дунав. Телото на пејачот со чамец на брегот го извадиле неговите пријатели во наутичкиот клуб Земун. Тие повикале Итна помош, меѓутоа, таа само можела да констатира смрт.

Еден случаен минувач мисли дека  сосема случајно го снимил последното возење со кајт на српскиот рапер Гру, пред тој трагично да настрада на Дунав во Земун, пренесува српски „Телеграф“.

„Мислам дека денеска, сосема случајно, го снимив починатиот Гру како вози кајт на Дунав кај Земун! Господ да му ја прости душата“, напишал во коментарот на снимката.

Далибор Андонов Гру возел кајт кога кошава нагло почнала да дува, велат очевидци.

Тоа последно возење, пред несреќата, можеби е сосема случајно забележано со телефонот на еден минувач, кој не ни знаел што ќе се случи недолго откако ќе ја спушти камерата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.