Слатки 85.000 евра од граѓаните за Сашка Цветковска, Борјан Јовановски и Мери Јордановска (ВИДЕО)

Објавил: admin@magazin | 12 јуни, 2018 13:33

85.000 евра државни пари за владините трубадури

Фото/Текст извор: ©република.мк

Два скандали поврзани со трошењето на јавните пари се откриваат во шестата епизода на емисијата „Блиц“ на ТВ Алфа, која се емитуваше вчера вечер во 22:00 часот.

Компанијата „Евро Вижн“, каде сопственици се новинарите Борјан Јовановски, Мери Јордановска и Сашка Цветковска добила 5 милиони и 200.000 денари, односно 85.000 евра, од агенцијата за филм.

Јовановски, во изјава за „Блиц“, со смеење одбива да одговори на прашањето колку пари ќе земе од сметката на граѓаните?

Пари од Агенцијата за филм која ја води Горјан Тозија, добила и компанија која го има ангажирано Сашо Орданоси како главен сценарист. За овој проект ќе се потрошат над 8 милиони денари или околу 130.000 евра.

Со новинарот Цветин Чилиманов, во емисијата се дискутира на прашањето: Дали се корумираат ли новинарите со овие филмски проекти?

Втора тема е трошењето во здравството, кое според експертите го очекува тотален крах. Министерот Филипче ќе ги фрли апаратите од лабораториите. Испитувања ќе се прават само на 8 локации во земјава, здравството ќе се блокира за некој да добие тендер од 35 милиони евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести