Организирањето и спроведувањето на процесот на вакцинација против Ковид-19 е од особена важност и вклучува повеќе чинители во државата, посочи Филипче.

Објавил: Владо Марин | 8 декември, 2020 10:43

ЗА РИЗИЧНИТЕ ГРУПИ ВАКЦИНАЦИЈАТА Е ПРИОРИТЕТНА И ВИСОКО ПРЕПОРАЧАНА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за здравство д-р Венко Филипче вчера имаше состанок со директорите на Зравствените домови од цела држава, каде се дискутираше за вакцинацијата против Ковид-19.

Организирањето и спроведувањето на процесот на вакцинација против Ковид-19 е од особена важност и вклучува повеќе чинители во државата, посочи Филипче.

-За вакцинација на граѓаните ќе се користат постојните вакцинални пунктови во здравствените домови низ државата, болници и други здравствени капацитети, бидејќи таа инфраструктура е добро поставена и функционира. Секој здравствен дом треба да достави извештај по направен увид во човечки капацитети со кои  располага како и задолжителна проверка на техничките капацитети и нивната функционалност. Исто така, секој ЗД треба да назначи одговорно лице за координација и организација на Ковид-19 вакцинацијата, рече Филипче.

Здравствените домови ќе добијат прашалник каде ќе треба детално да го наведат бројот на кадарот за вакцинација, нивната обученост бројот на вакцинални пунктови, во колку смени работат во работни денови и викенди, како и колку од персоналот учествувал во обуки за одржување „студен синџир“, истакна професор д-р Александра Грозданова, претседател на Комитетот за имунизација. Во стручна видеопрезентација професор Грозданова пред директорите на ЗД образложи повеќе клучни сегменти за процесот на вакцинација, чување и дистрибуција на вакцината, начинот на апликација, процесот на вакцинирање, како ќе се закажува вакцинација преку системот МојТермин.

-Се поставува посебен модул на Ковид-19 вакцина, идентичен како тој што сега се користи за други вакцини. За нашите колеги во вакциналните пунктови ќе биде стандардна постапка за давање вакцина, сепак бидејќи е нова вакцина ќе се организиара едукативен тренинг, рече проф. д-р Грозданова.

На директорите на здравствените домови им беше посочено дека почетокот на вакцинацијата нема да значи веднаш намалување на ризикот од Ковид-19, ниту пак веднаш ќе се почувствува намалување на притисокот врз здравствените домови. Ризичните групи, со голем ризик за Ковид-19 ќе бидат приоритетно вакцинарани и за нив вакцинацијата е високопрепорачана, но не задолжителна.

Вакцинацијата за Ковид-19 ќе биде бесплатна за сите граѓани, а лична одлука на секој граѓанин е дали ќе се вакцинара.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...