Одметнатите пратеници се консултираат со Мијалков за нивното дејствување во Собранието

Објавил: Данаил Михајловски | 21 ноември, 2018 21:53

Екслузивно: Мијалков и осумте пратеници

Фото/Текст извор: ©магазин

Сашо Мијалков, вечерта кога бил приведен и притворен, бил домаќин на работната вечера во хотелот Мериот, заедно со групата од осумте одметнати пратеници: Мукоски, Арнаудов, Василевски, Александрова, Канческа Милевска, Авировиќ, Рамчиловиќ и Исмајлоска Старова.

Ова за Магазин го потврди еден од присутните пратеници, инсистирајќи на анонимност. Тема на разговор бил предлог законот за амнестија кој овие пратеници го подготвуваат заедно со високи претставници од министерството за правда, но и во консултација со поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, сегашен адвокат на фирмата “Кожуфчанка“. Замислата на новата пратеничка група била предлог законот да биде со што поширок опфат, а во однос на тајмингот имале заеднички став да се бараат цврсти гаранции од премиерот Заев дека законот ќе се изгласа пред второто дво-третинско гласање за уставните измени. Мијалков, според нашиот извор, ги уверувал пратениците дека е во редовна комуникација со братот на премиерот Заев и дека се што ќе договорат заеднички ќе биде и реализирано.

Но, на изненадување на пратениците, работната вечера била прекината од припадници на полициската единица “Алфи“, кои дошле, го легитимирале Сашо Мијалков, и во регуларна и коректна атмосфера го спровеле надвор до полициското возило за превоз до притворското одделение во затворот “Шутка“. Претходно, пратеничката Исмајлоска Старова, веќе ставила забелешка дека притворите за Миле Јанакиески и за Кирил Божиновски ги разбира како мерки на политички реваншизам и дека тоа не ја подобрува климата за меѓупартиско и национално помирување.

Хотелот Мериот е отворен на 11 Мај 2016 година како прв Хотел од синџирот на Мериот на Балканот и секако прв во Македонија, Капацитетот на Хотелот Мериот достигнува 600 гости со 168 соби. За изградбата на Мериот е инвестирано 37 Милиони евра. Актуелно новиот Менаџер на хотелот Г- нот Wolfggang Koller доаѓа од Австрија и е воодушевен од Македонија.

После притворањето на Мијалков, со уште поконкретни забелешки на таа тема се надоврзале пратеничките Елизабета Канческа Милевска и Емилија Александрова. Имено, Канческа Милевска му е многу блиска на Мијалков, а особено продуктивна и тесна соработка имале во однос на градежните работи на објектите од проектот “Скопје 2014“. Емилија Александрова пак му е снаа за братучед на Мијалков и лично тој е заслужен што таа се вработила во Управата за безбедност и контраразузнавање во времето кога Сашо беше директор на УБК. Александрова и Канческа Милевска биле категорични, нема да гласаат за уставните измени во Јануари следната година, доколку владата, Заев и Талат Џафери не го почитуваат договорот кој бил постигнат со посредство на Сашо Мијалков пред првото гласање на 19ти Октомври.

Дел од договорот била амнестијата за Мукоски, Василевски и Арнаудов, преиначување на осудителната пресуда за синот на Владанка Авировиќ, одмрзнување на имотот на фирмите на Сеат Кочан (многу близок на пратеникот Рамчиловиќ), како и заташкување на процесот “Тендери“, во кој првоосомничена е поранешната министерка Канческа Милевска. После притворот на Сашо Мијалков, новата пратеничка група била во сериозна дилема за кредибилноста на договореното, а двете пратенички Александрова и Канческа Милевска категорични дека доколку Мијалков се најде на удар на власта, следниот пат нема да го дадат својот глас за смена на Уставот.

Без овие две пратенички владата би паднала на бројка од 78 пратеници, што е недоволно за со мнозинство од 2/3 да поминат уставните измени. Како златна резерва Заев го смета пратеникот Панчо Минов, кој е многу близок со сопственикот на “Кожуфчанка“, Митко Јанчев. Како и да е, следниве денови е закажана седница на собраниската комисија за помирување, каде членуваат дел од осумте пратеници на Сашо Мијалков, па тоа ќе биде прилика да се слушнат нивните ставови и пораки после новонастанатата состојба со бегството на Груевски и притворот за неговиот братучед.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести