Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 31 степен.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 септември, 2020 9:04

НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Детална временска прогноза за следните денови!

Фото/Текст извор: ©фокус.мк

Денеска времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец.

Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 31 степен.

Потоа утре ќе има појава на умерена облачност додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени, во четврток и во петок ќе има локална нестабилност, особено во попладневните часови проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, максималните дневни температури ќе бидат за неколку степени пониски во споредба со сегашните и ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен.

Отсега гледано, услови за локална нестабилност во попладневните часови ќе има и за време на викендот.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...